За потребите на Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија  Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите изработи Кодекс за транспарентност на локално ниво чија цел е подобрување на транспарентноста и отчетноста на единиците на локалната самоуправа преку определување на главниот извор на информации, како и структурата на информациите коишто треба да бидат објавени на општинските веб страници.

Кодексот за транспарентност на локално ниво содржи минимум стандарди за проактивно информирање на јавноста за работата на органите на општината, услугите што ги обезбедува општината преку јавните служби, како и други информации коишто ги создава или со коишто располага општината. Целта е преку примена на овие стандарди да се обезбеди воедначен пристап до информациите во сите општини на предвидлив начин, со исполнување минимум стандарди и на задоволително техничко ниво.

Потребата за изработка на Кодексот за транспарентност на локално ниво произлегува од Законот за локалната самоуправа, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за користење информации од јавниот сектор како и Законот за заштита на личните податоци, а е предвидена со Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2021-2026 година.  

 

Кодексот за транспарентност на локално ниво можете да го преземете тука.