Министерството за локална самоуправа објавува јавен повик за аплицирање на идни корисници за подготвителни активности на стратешкиот проект за изградба на нов граничен премин Струмјани – Берово што ќе се финансира во рамките на Interreg VI-A ИПА програмата Бугарија-Северна Македонија 2021 година - 2027 година. Финансирањето на подготвителните активности е обезбедено според Приоритетната оска 4 „Техничка помош“ на Interreg-IPA CBC Програмата 2014-2020 CCI2014TC16I5CB006 и ќе се користи за изработка на проектни дизајни, техничка документација (вклучувајќи индикативни договори за инфраструктурата на секоја страна), анализи од назначените корисници во рамките на стратешкиот проект од двете земји партнери.

 

Следниве подобни корисници се поканети да поднесат предлог-проект:

  • Регионална управа Благоевград на Република Бугарија – надлежен орган назначен со Одлука на Советот на министри на Бугарија бр. 115/07.03.2022 година;
  • Царинска управа на Република Северна Македонија – надлежен орган согласно чл.10 точка 20 од Законот за Царинската управа на Република Северна Македонија (изменет 2008 година).

 

Вкупниот износ доделен за подготвителните активности во рамките на Стратешкиот проект е 40.000, соодветно 20.000 евра за секоја земја-партнер.

 

Јавен повик

Пакет документи

Индикативен буџет

Акциски план