ОГЛАС
за ангажирање на финансиски контролории оценувачи
Министерството за локална самоуправа објавува оглас за ангажирање финансиски контролори за верификација на трошоци направени во рамките на објавените повици и оценувачи на проектни предлози на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2014-2020, CCI Бр.2014TC16I5CB006 и ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020, CCI Бр. 2014TC16I5CB009.
Краен рок за прием на апликациите е 6.11.2015 година, до 16.00 часот по локално време.
Заинтересираните апликанти треба да достават:
- Лична биографија (CV) на англиски јазик во ЕУ формат,
- Мотивациско писмо на англиски јазик,
- Доказ за завршено образование,
- Доказ за работното искуство наведено во личната биографија,
- Писмо со препораки од претходно релевантно искуство
(работното искуство за кое нема потврда или препорака, или кое не е заверено со сертификат нема да се разгледува)
Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум и време на овој оглас за ангажирање финансиски контролори ќе бидат земени во предвид за разгледување.
Апликацијата со пропратните документи да се достави на следната адреса:
Министерство за локална самоуправа
Ул. Св. Кирил и Методи, бр.54, 1000 Скопје
Со назнака за Бранкица Ристовска.
Ве молиме на ковертот да биде впишано „Do not open before the beginning of the evaluation procedure” („Да не се отвара пред почетопкот на евалуациската постапка“), како и да се наведе огласот за кој се аплицира.
Критериуми за избор на: