Ј А В Е Н   О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програма Бугарија – Северна Македонија 2021TC16IPCB006, објавува јавен оглас за следната работна позиција:

  • 1 (eден) финансиски експерт во рамки на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програма Бугарија – Северна Македонија(2021TC16IPCB006).

 

Условите за работа (описот на работното место) можете да го преземете тука.

 

Кандидатите треба да ги достават следните документи:

-  Кратка биографија (CV), на англиски јазик;

-  Копија од диплома (универзитетска диплома од полето на  финансиски менаџмент, бизнис администрација, економски науки, или други релевантни општествени науки / бизнис студии (минимум 180 EKTC, или VII/1 степен);

- Треба да се достават копии од оригинални документи со кои се потврдува работното искуство наведено во нивната биографија.

 

Документите треба да се достават на следната е-маил адреса:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Краен рок за аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација преку е-пошта до 17 јануари 2024 година најдоцна до 12:00 часот.

 

Кандидатите кои ќе бидат избрани да присуствуваат на интервју, потребно е да донесат печатена копија од горенаведените документи, кои ги доставиле по електронски пат.

                                                                        

                                                                                Министер за локална самоуправа

                   Ристо Пенов