МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 1 (ЕДЕН) ПРОГРАМСКИ СОРАБОТНИК ВО РАМКИ НА ИПА-III ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СРБИЈА – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021-2027

Ј А В Е Н   О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИПА - III прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2021-2027 објавува јавен оглас за следната работна позиција:

- 1 (еден) Програмски соработник во рамки на ИПА-III прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2021-2027.

Условите за работа (описот на работното место) можете да го преземете тука.

Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија (CV), на англиски јазик;
- Копија од диплома;
- Треба да се достават копии од оригинални документи со кои се потврдува работното искуство наведено во нивната биографија.

Документите треба да се достават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација преку е- пошта до 30 декември 2023 година најдоцна до 15:00 часот.

Кандидатите кои ќе бидат избрани да присуствуваат на интервју, потребно е да донесат печатена копија од горенаведените документи, кои ги доставиле по електронски пат.