Ј А В Е Н   О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ VI A ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2021TC16IPCB006 објавува јавен оглас за следната работна позиција:


1 (eден) експерт за инфраструктура и мониторинг во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА VI A програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2021TC16IPCB006.
 
Условите за работа (описот на работното место) можете да го преземете на следните официјални страни:  www.mls.gov.mk ; http://www.ipa-cbc-007.eu/


Кандидатите треба да ги достават следните документи:
-  Мотивациско писмо на англиски јазик;
-  Кратка биографија (CV), на англиски јазик;
-  Копија од диплома (универзитетска диплома од полето на архитектура, градежно
инженерство или други релевантни стручни науки (минимум 240 EKTC, или VII/1 степен);
- Треба да се достават фотокопии од оригинални документи со кои се потврдува работното
искуство наведено во нивната биографија.
 
Документите треба да се достават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
Краен рок за аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација преку е- пошта до 8 август 2023 година најдоцна до 15:00 часот.
 
Кандидатите кои ќе бидат избрани да присуствуваат на интервју, потребно е да донесат печатена копија од горенаведените документи, кои ги доставиле по електронски пат.
 
Дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број: +389 70 737-129
 
TOR