за изработка на „Правилник за нова или изменета Методологија за идентификација на проектите од Грантова шема во Полошкиот плански регион и тестирање на новата или изменета Методологија со селектирање на проектот користејќи cost-benefit анализа“, за потребите на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - II фаза

Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - II фаза, објавува Јавен повик за избор на експерт за изработка на „Правилник за нова или изменета Методологија за идентификација на проектите од Грантова шема во Полошкиот плански регион и тестирање на новата или изменета Методологија со селектирање на проектот користејќи cost-benefit анализа“, за потребите на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - II фаза.

Целосната документација како начинот на доставување на понуда ви е опишан во опис на задачи (ТоР) и финансиска понуда кои можете да ги симнете следните линкови: TOR и ФИН.ПОНУДА.

Дополнителни прашања поврзани со повикот може да бидат поставени по електронска пошта најдоцна до среда, 05.07.2023 година, до 16:00 часот на следните е-маил адреси:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Одговори на прашањата ќе бидат испратени по е- меил најдоцна до петок 07.07.2023 година, до 16:00 часот.

Доставување на понуди
Потребни документи за доставување на понуда се: CV, финансиска понуда (во бруто износ) и пропратната документација е наведена во условите и опис на задачи (ТоР), кои експертот треба да ги исполнува, односно поседува во моментот на пријавување.

Понудите со бараните документи се доставуваат на адреса: ул. Кирил и Методиј, бр.54, 1000 Скопје, архива на Министерство за локална самоуправа, со назнака “НЕ ОТВОРАЈ” и “ЗА ЈАВЕН ПОВИК” Проект “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – фаза II.

Можност за доставување на понуда имаат само лица-државјани на Република Северна Македонија.

Последниот рок за доставување на понудите е понеделник, 10.07.2023
година, до 14:00 часот.

Изборот на најсоодветна понуда е предмет на одобрување од страна на Комисија за евалуација. Министерството за локална самоуправа го задржува правото да не изврши избор на понудувач доколку Комисијата одлучи дека ниедна од понудите не ги исполнува критериумите наведени во описот на задачи.

Министерство за локална самоуправа, Република Северна Македонија ул. св. Кирил и Методиј бр. 54