Слободно работно место во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија 2014-2020 година.

Во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2014-2020, Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош, ги
поканува заинтересираните кандидати да се пријават за следната позиција:

1 (еден) Проектен службеник во канцеларијата на антената (Елбасан) на ЗТС Струга, во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 година.

Повеќе информации за описот на работното место и дополнителните барања и квалификации може да се најдат во работните задачи приложени кон ова известување.

Сите кандидати мора да испратат писмо за изразување на интерес и сите придружни документи по пошта до „Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош“, ул. Кувајт, Тирана, Р. Албанија, со наслов: Апликација за проектен службеник во антената (Елбасан) на на ЗТС Струга, во рамките на Програмата Северна Македонија – Албанија до 19 јули 2023 година, најдоцна 16:30 часот. Датумот на поднесување ќе биде потврден со поштенска/курирска марка/ уплатница. Апликација поднесена по горенаведениот рок автоматски ќе биде одбиена. Изразот на интерес не може да се достави преку е-пошта.