Ј А В Е Н О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа за потребите на проектот ,,Teхничката помош за имплементација, управување и контрола на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за транснационална соработка Балкан – Медитеран 2014 – 2020’’ објавува јавен оглас за следната слободна работна позиција:
- еден (1) Финансиски службеник

Деталниот опис на работната позиција – Финансиски службеник е достапен тука.

Заинтересираните кандидати треба да ги обезбедат следните документи:
- Кратка биографија (CV),
- Копија од уверение/диплома за завршено високо образование и
- Соодветни препораки за работно искуство

Краен рок за испраќање на апликација:

Заинтересираните кандидати своите апликации потребно е да ги достават во затворен коверт со назнака ,,не отварај’’ и апликација за работна позиција финансиски службеник во рамки на проектот ,,Teхничката помош за имплементација, управување и контрола на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за транснационална соработка Балкан – Медитеран, непосредно до архивата на Министерството за локална самоуправа - Бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 100 Скопје најдоцна до 16 jуни 2023 година до 14:00 часот.