Оперативната единица и Стратешкиот одбор
на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

објавуваат отпочнување на првиот (1) повик за концепт белешки на предлози за проекти во рамките на Територијалната стратегија на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027.

Апликацијата е наменета за проектни идеи кои придонесуваат за постигнување на Специфичната цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“ во рамките на Територијалната Стратегија.
Специфичната цел 1.2 се заснова на следните полиња на интервенција поврзани со туризмот:
- Мобилност и поврзување, вклучително и алтернативна мобилност;
- Брендирање и маркетинг на туристички производи во прекуграничниот регион;
- Нови вработувања во туристичкиот сектор, зајакнување на културно - природните локалитети и врските туризам - животна средина;
- Акции за намалување на ранливоста на услугите во туристичкиот сектор.


Кратки информации за повикот се дадени подолу, додека целосниот пакет документи за аплицирање и информации, вклучувајќи го и Упатството за апликанти се достапни на следните веб страни:
www.ipa-cbc-007.eu/
www.mrrb.government.bg
www.eufunds.bg
http://mls.gov.mk/


Вкупниот буџет на повикот е 8.143.233 евра.
Крајниот рок за поднесување концепт-белешките во е-системот ЈЕМS е 24 Јули 2023 година, 17:00 часот по ЕЕТ , односно 16:00 часот по СЕТ .
За дополнителни информации можете да го контактирате Заедничкиот секретаријат на програмата:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Главна канцеларија во Ќустендил: тел. +359 (0) 78 58 01 01;
Подрачна канцеларија во Струмица: тел. + 389 (0)34 330 331.

Прв (1) Повик кратко резиме:
- Територијален фокус – целиот прекуграничен регион на Програмата ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 (области Благоевград и Ќустендил во Бугарија и Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион во Северна Македонија).
- Фокус на повикот - широк опсег на активности поврзани со развој на туризмот - мобилност и поврзување, брендирање и маркетинг, нови вработувања во туристичкиот сектор, зајакнување на врските помеѓу природните и културните локалитети, како и меѓу туризмот и животната средина.
- Процесот на аплицирање – се одвива во Заедничкиот електронски систем за следење (Jems - https://jems-bgmk.mrrb.bg/), каде што апликантите треба да се регистрираат и да креираат нова проектна апликација. Апликантите го прикачуваат формуларот за апликација на концептот, заедно со буџетската прогноза, писмо за заложба и план за развој на зрелоста на проектот кон JЕМЅ за нивната проектна идеја.
Целосните предлози за проекти се доставуваат по покана.
- Клучни карактеристики на проектната идеја/концептна нота – се очекува мултисекторските партнерства помеѓу засегнатите страни од Бугарија и Северна Македонија да донесат решенија за зајакнување на регионалните економски потенцијали на поголем територијален опсег, каде прекуграничното влијание има централна улога.
- Проектни активности - задолжителна комбинација на инвестиции (само работи или работи и набавки) и мек тип на акции (на пр. услуги); тематскиот фокус на акциите треба да биде целосно и логично усогласен со целта/ите на проектната идеја. Апликантите треба да бидат свесни за фактот дека параметрите на проектната идеја, кои се предмет на оценка за време на процесот на идентификација, не можат да се менуваат при поднесување на целосни предлози за проекти.
- Учесници во проектот (водечки партнер и проектни партнери) – локални/регионални тела и власти (вклучувајќи ги регионалните структури на централните јавни власти и законските тела); ММСП; невладини организации; академски, истражувачки, обуки, образовни, социјални и културни институции. Сите проектни партнери треба да бидат регистрирани и да работат во програмската област најмалку 3 години пред апликацијата. Проектното партнерство треба да се состои од најмалку еден партнер од секоја страна на пограничниот регион.
- Трошоци на проектот – при аплицирање со концепт-белешка не е потребно да се презентира детален буџет на проектната идеја. Она што е потребно за време на процесот на идентификација на проектната идеја е севкупна буџетска проценка на расходите по категорија на трошоци и проектен партнер.
- Финансиски аспекти – минимум 500.000 евра и максимум 1.000.000 евра за проектна идеја. Интензитетот на грантот е 100%, меѓутоа одредбите de minimis се применуваат за сите партнери во проектот. Инвестициската компонента (само работи, или работи и набавка) на проектната идеја не треба да биде помала од 60% од вкупните прифатливи трошоци.
- Времетраење на проектот – максимум 24 месеци.

,,call_1_for_concept_notes-bg-rnm''