Министерство за локална самоуправа врз основ на Договорот помеѓу Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувано од Федералниот Департмент за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС), спроведуваат Проект “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – втора фаза од спроведување на проектот во Република Северна Македонија.

Проектот има потреба од ангажирање на експерт за управување со финансии во рамки на Проект “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – втора фаза од спроведување. Втората фаза од Проектот започна со потпишување на Договор на 30.09.2021 година, а ќе трае се до 30.09.2025 година. Министерството за локална самоуправа го објавува овој повик за искажување на интерес за експерт за управување на финансии кој ќе биде ангажирана штом ќе заврши процедурата за селекција на експертот, за период до завршување на втората фаза на Проектот.

Кандидатот се очекува да биде со соодветно познавање на проблематиката и да ги задоволува критериумите посочени подолу за бараната позиција. Тимот на консуланти кои се ангажираат ја сочинуваат локални долгорочни експерти, кои се одговорни пред Министерството за локална самоуправа.

 

За ангажман на следната позиција:
1. Експерт за управување со финансии (70%работен ангажман)

Ангажманот на горенаведената позиција е врз основа на склучен Договор помеѓу Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувано од Федералниот Департмент за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС), заверен под арх.бр.02-268/2, од 07.10.2021 година. Ангажманот на горенаведената позиција е со цел соодветно спроведување на финансиите во Проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – II фаза, а кои активности се дефинираат преку:

Експерт за управување со финансии во рамки на Проект “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – втора фаза од спроведување.

Опис на работни задачи и одговорности:

• Ефективно, точно и навремено финансиско управување со целокупниот проект;
• Развој на извештаи поврзани со финансиите и редовно ажурирање на финансиската состојба на целокупниот проект и проектните грантови;
• Имплементација на оперативни стратегии и процедури поврзани со финансиите во делокругот на надлежностите;
• Разгледување и ажурирање на сите финансиски извештаи за грантовите заедно со Тим лидерот и лидерот на Компонента 3;
• Подготовка и реализација на годишен буџет на Проектот;
• Правилно планирање, следење на трошоците како и преглед на генерираните трошоците на проектите и грантовите во согласност со проектните правила и прописи;
• Следење на трошоците генерирани од страна на крајните корисници во рамки на проектот (ЦРПР, БЦ);
• Соодветно и навремено следење на трошоците во рамките на компонентите во Проектот;
• Континуирана анализа и следење на финансиската состојба, презентација на предвидените трошоци за идниот период, како и генерирани расходи во тековниот период пред тим лидерот и проектниот тим;
• Теренски мониторинг посети и теренски проверки на финансиски документи и системи за финансиско управување на корисниците;
• Подготовка и следење на ревизија на буџетот;
• Останати должности коишто произлегуваат од тековното финансиско работење во рамките на Проектот;

Професионални квалификации, искуство и компетиции:

Експертот за управување со финансии (70% работен ангажман) треба да ги исполнува следните критериуми:

• Завршено високо образование во областа на економски или организациони науки;
• Минимум 8 години работно искуство, од коишто најмалку 5 години искуство во областа на финансии;
• Работно искуство во управување со финансии на проекти;
• Учество во изработка на финансиски документи (буџетски планови, месечни, полугодишни и годишни финансиски извештаи, управување и следење на тековни и идни трошоци) ;
• Познавање на работа со компјутери, компјутерски програми за канцелариско работење;
• Познавање на англиски јазик;

Потребни документи за аплицирање:

• Професионална биографија (CV) и Писмо за интерес (Мотивационо писмо);
• Универзитетска диплома за завршено високо образование;
• Потврда за 8 годишно работно искуство, од коишто најмалку 5 годишно искуство во областа на финансии;
• Потврда/Сертификат за познавање на работотата со компјутерски програми за канцелариско работење;
• Потврда/Сертификат за познавање на англиски јазик;
• Сертификат/и за учество во меѓународни проекти
• Препораки;


Кандидатот треба да биде подготвен да го поткрепи со соодветна документација наведеното искуство.
Освен релевантно искуство наведеново критериумите, селектираните кандидати треба да ги поседуваат и следните компетенции: одлични способности за изразување (писмено и усно) првенствено на македонски, но исто така и на англиски. Солидни вештини за истражување и анализа, солидни вештини за преговарање, држење презентации и тренинг, соодветни вештини за менаџирање со луѓето, способност за работа со кратки рокови и висока компетентност како и посветеност и ентузијазам.
Со пријавените кандидати кои ќе имаат комплетна документација ќе се изврши интервју за оценка на комуникациски и презентациски вештини, подготвеност, познавање на англиски јазик и слично која ќе биде соодветно оценувана. Нецелосна документација нема да биде земена предвид.

Доставување на извештаи:

На секои 6 месеци ќе учествува во подготовка на финансики и наративни извештаи кои од страна на МЛС ќе бидат доставени до Амбасадата на Швајцарија/СДЦ.

Аплицирање

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.
Адресата на достава на апликации: Архива на Министерство за локална самоуправа, ул. Кирил и Методиј, бр.54, 1000 Скопје со назнака “НЕ ОТВАРАЈ” и “За јавен оглас” Проект “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – фаза II.

Последниот рок за доставување на апликации е 01.06.2023 година, до 14:00 часот