Врз основа не член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2014, 14/2020 и 215/2021, а во врска со член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и налчинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависнот од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015, 25/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.303/2021), Министерството за локална самоуправа објавува


ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023
за унапредување на 1 (еден) административен службеник, од подгрупата државни службеници во Министерството за локална самоуправа

Пријавата можете да ја симнете тука.
Интерниот оглас сe објавува за унапредување на 1 (еден) административен службеник, од подгрупата државни службеници во Министерството за локална самоуправа со пополнување на следното работно место:


1. УПР 01 01 В01 000 –Советник за унапредување на локалната самоуправа– 1 (еден) извршител


Општи услови
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:
- стручни квалификации: ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки

- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;

Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/ засегнати страни, раководење и финансиско управување, на напредно ниво.


Посебни работни компетенции:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:
- Работни денови: од понеделник до петок
- Почеток на дневно работно време: од 07:30 до 08:30
- Завршеток на дневно работно време: од 15:30 до 16:30
- Неделно работно време: 40 часа

Плата во нето износ: 28.756,00 денари

На интерниот оглас може да се пријават административни службеници вработени во Министерството за локална самоуправа, кои ги исполнуваат посебните услови за пополнување на работно место утврдени во огласот, општите услови пропишани со Законот за административни службеници, како и :

- да е оценет со оценка „А“ или „Б“ при последното оценување
- да е на работно место непосредно пониско или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен огласот
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

Кандидатите за унапредување треба да поднесат пополнета пријава за унапредување преку архивата на Министерството за локална самоуправа до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кандидатите кон пријавата може да ги приложи и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Рокот за поднесување на пријавите трае 5 (пет) дена сметано од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на Министерството за локална самоуправа и на веб страната на Агенцијата за администрација.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците вo пријавата се точни.

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата за унапредување или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.