Оглас за ангажирање експерт во рамки на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција – Република Северна Македонија
ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА
Министерствотото за локална самоуправа, во рамки на активностите за спроведување на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За пријавување на кандидати за слободното работно место:
- 1 (eден) службеник за имплементација на системот за контрола и менаџмент, мониторинг и тренинг во рамки на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија.
-
Oпис на работната позиција можете да најдете тука
Краен рок за аплицирање: 7 работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум и време на овој оглас, ќе бидат земени во предвид за разгледување.
Потребни доументи за аплицирање:
- Мотивациско писмо на англиски јазик;
- Биографија (CV), на англиски јазик во ЕУ формат;
- Доказ за завршен соодветен вид на високо образование
- Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство наведено во личната биографија;
Документите треба да се поднесат по пошта на следнава адреса:
Министерство за локална самоуправа
ул. Свети Кирил и Методиј, бр.54,
1000 Скопје, Република Северна Македонија
За: Хајрие Ахмед; со назнака во надворешниот дел од ковертот за кое место се однесува апликацијата.
Дополнителни информации можете да добиете на телефонскиот број: +389 2 3253-921