За ангажирање на институција, компанија или слична организација која би ги задоволила бараните критериуми за евалуација на Стратегијата за регионален развој за период 2009 до 2019 и евалуација на Програмите за развој на осумте плански региони за потребите на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – I фаза од проектот.

Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – I фаза од проектот, објавува Јавен повик за ангажирање на институција, компанија или слична организација која би ги задоволила бараните критериуми за евалуација на Стратегијата за регионален развој за период 2009 до 2019 и евалуација на Програмите за развој на осумте плански региони за потребите на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – I фаза од проектот.

Целосната документација за начинот на аплицирање, како и Опис на задачи (ТоР) можете да ја симнете на следнитe линкови:

Анекс 1 – Опис на задачи и насоки

Насоки за аплицирање

заклучно со четврток, 22.08.2019 до 13 часот.

( Линк до веб страната на проектот: http://platforma.mls.gov.mk/?p=1820 )

Дополнителни прашања поврзани со повикот може да бидат поставени по електронска пошта најдоцна до четврток, 15.08.2019 до 13:00 часот на следните адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Одговори на прашањата ќе бидат испратени по меил најдоцна до понеделник, 19.08.2019 до 12:00 часот.

Повикот трае до четврток, 22.8.2019 година до 16:00 часот до кога и треба да се достават понудите согласно упатствата дадени на линковите. Доколку апликацијата се пушта по пошта, писмата мора да пристигнат најдоцна до 26.8.2019 година до 13:00 часот.

Изборот на најсоодветна понуда е предмет на одобрување од страна на Комисија за евалуација. Министерството за локална самоуправа го задржува правото да не изврши избор на понудувач доколку Комисијата одлучи дека ниедна од понудите не ги исполнува критериумите наведени во описот на задачи.

Министерство за локална самоуправа, Република Северна Македонија ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54