По повод одбележувањето на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје, денеска, почит на борците кои што ги положија своите животи и ја извојуваа слободата, им оддаде владина делегација составена од министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, министерот за образование и наука, Јетон Шакири и заменичката на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со полагање на цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Во чест на сите борци кои што учествуваа во ослобудувањето на Скопје, членовите на владината делегација положија цвеќе и на Алејата на заслужни граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред зградата на Владата.