Првиот повик за проектни идеи од програмата ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 е објавен на 22.05.2023 година и ќе биде отворен до 22 јули 2023 година.

 

Право да аплицираат имаат општините, Центрите за развој на планските региони, јавни установи и институции, ММСП, невладини организации, како и академски, истражувачки и обучувачки правни субјекти. Сите проектни партнери треба да бидат регистрирани и да работат во програмската област најмалку 3 години пред апликацијата. Проектното партнерство треба да

се состои од најмалку еден партнер од секоја страна на пограничниот регион.

Вкупниот буџет на повикот е 8.143.233 евра.

Проектни идеи треба да придонесуваат за постигнување на Специфичната цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“ на територијалната стратегија.

Специфичната цел 1.2 се заснова на следните полиња на интервенција поврзани со туризмот:

- Мобилност и поврзување, вклучително и алтернативна мобилност;

- Брендирање и маркетинг на туристички производи во прекуграничниот регион;

- Вработливост во туристичкиот сектор, зајакнување на културно - природните локалитети и

врски туризам - животна средина;

- Акции за намалување на ранливоста на услугите во туристичкиот сектор.

 

Процесот на аплицирање – се одвива во Заедничкиот електронски систем за следење

(Jems - https://jems-bgmk.mrrb.bg/), каде што апликантите треба да се регистрираат и да

креираат нова проектна апликација. Апликантите го прикачуваат формуларот за апликација на

концептот, заедно со буџетската прогноза, писмо за заложба и план за развој на зрелоста на

проектот кон апликацијата Jems за нивната проектна идеја. Целосните предлози за проекти се

доставуваат по покана.

-Територијален фокус - целиот прекуграничен регион на Програмата ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА

Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 година (области Благоевград и Ќустендил во Бугарија и североисточен, источен и југоисточен плански регион во Северна Македонија).

-Фокус на повикот - широк опсег на активности поврзани со развој на туризмот - мобилност

и поврзување, брендирање и маркетинг, вработливост во туристичкиот сектор, зајакнување на

врските помеѓу природните и културните локалитети, како и меѓу туризмот и животната средина.

- Финансиски аспекти – минимум 500.000 евра и максимум 1.000.000 евра за проектна идеја.

Интензитетот на грантот е 100%, меѓутоа одредбите de minimis се применуваат за сите

партнери во проектот. Инвестициската компонента (само изведување на работите, или изведување на работите и набавка) на проектната идеја, не треба да биде помала од 60% од вкупните прифатливи трошоци.

- Времетраење на проектот – максимум 24 месеци.

 

Целосниот пакет документи за аплицирање и информации, вклучувајќи го и Упатството за апликанти е достапен на следните веб страни:

www.ipa-cbc-007.eu

www.mrrb.government.bg

www.eufunds.bg

http://mls.gov.mk

 

За дополнителни информации, контакти во Заедничкиот секретаријат на програмата:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Главна канцеларија во Ќустендил: тел. +359 (0) 78 58 01 01;

Заеднички секретаријат во Струмица: тел. + 389 (0)34 330 331.