16.11.2022

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски разговараа за реализацијата на тековните проекти во општината и за ефектиоте од енергетската криза во обезбедувањето на локалните функции и услуги.
На состанокот, градоначалникот Јакимовски истакна дека општина Карпош има напревено 50% заштеда на електрична енергија во однос на минатата година, но има потреба од дополнителна поддршка за реализација на проекти за дополнителна заштеда кај јавното осветлување, во градинките и во училиштата. Јакимовски како приоритетни ги истакна и прашањата во областа на урбанизмот од аспект на реализација на нови домашни и странски инвестиции, како и за законски пречки за поквалитетно решавање на проблемите со паркирањето во општината.
Министерот Пенов ги поздрави напорите на општина Карпош за справување со последиците од енергетската криза преку заштеди, што е и политика на Владата во напорите за континуирано обезбедување на електрична енергија за граѓаните. Отворено разговараме за проблемите и сме пдготвени, во рамките на финансиските можности, некои заеднички да ги решаваме, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

                                                                                                                                Министерство за локална самоуправа