Над 1 милион евра за проекти за општините и за планските региони
Посети : 2488

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, утре, 12-ти јуни, во 12.00 часот, во Сити Хол во Скопје, ќе го отворат форумот за дефинирање на критериумите за финансирање на проекти во општините, во рамките на проектот “Подобрување на општинското управување”.

Проектот во вредност од 2,4 милиони евра е финансиран од страна на Европската Унија, а ќе се реализира во општините и во планските региони.

Во рамките на проектот ќе бидат финансирани проекти во осумте плански региони и во 30 општини, во вкупна вредност од над 1 милион евра.

 

Се покануват медиумите да го проследат настанот.

Локација Сити Хол, Скопје