„Повеќе пари од ИПА3 за прекуграничната програма со Бугарија,

граничниот премин Клепало - приоритет!“

 

                Изменетиот нацрт документ Логика на интервенција за новиот програмски период 2021-2027, официјално, се изгласа на 11 Февруари.

            На вториот состанокот на Заедничката работна група присуствуваа заменик министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, како и заменик министерката на Министерството за регионален развој на Република Бугарија, Деница Николова.

Заменик министерот Димитровски во своето обраќање го оцени досегашното остварување на ИПА програмата со Република Бугарија.

- Програмата со Бугарија е успешна приказна во регионот, имајќи ја предвид речиси 100 процентната реализација на средствата. Со средствата од Вториот повик за проектни предлози на Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија, реализиран е вкупен износ од 6,9 милиони евра. -

Заменик министерот Димитровски во своето обраќање ја нагласи и подршката за процесот на програмирањето на третиот ИПА програмски период 2021-2027, како и големите придобивки за двете земји, во однос на стратешкиот проект за избраниот граничен премин Клепало-Струмјани.

- Владата на Северна Македонија е максимално посветена на процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија, а Министерството за локална самоуправа посветено работи на подобрување на квалитетот на живеење во прекуграничните региони и создавање на услови со кои можеме да бидеме рамноправни членови на европското семејство, рече заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски.

Вториот состанок на Заедничката работна група беше на тема „Одобрување на документот Предлог Логика на интервенција за ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027“.

Вториот состанок имаше за цел да придонесе кон одобрување (преку гласање) на документот Предлог Логика на интервенција за ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027.

Проектот за изградба на граничниот премин „Клепало“ помеѓу Бугарија и Северна Македонија, кој ќе ги поврзе општините Берово и Струмјани, е усвоен под проритетот 2, - Поповрзан граничен регион, како дел од политичка цел 3 – Поповрзана Европа, со 30 проценти учество во впупниот буџет на ИПА 3 за прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, за периодот 2021 -2027 година.

Проектот ќе биде финансиран во новиот програмски период 2021-2027 со пари од Европската Унија и со национално кофинансирање од двете земји. Од страна на Северна Македонија се предвидува рехабилитација на веќе подготвената траса и модернизација на изградените гранични објекти и опрема, а од бугарска страна треба да биде изградена делницата од 8,8 км, која сé уште не е завршена, како и објекти и опрема за граничниот пункт. Проектирањето треба да започне во 2021 г.

На состанокот, од страна на заменик министерката на Министерството за регионален развој на Република Бугарија, Деница Николова, беше нагласено дека се очекува средствата за ИПА 3 да бидат зголемени за 46 проценти, во однос на ИПА 2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027.

               Изменетиот нацрт документ Логика на интервенција за новиот програмски период 2021-2027, беше официјално разгледуван на технички состанок на 04 Февруари 2021 година, каде се отворија прашања од различни области и аспекти.

Заедничката работна група за ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 се состанува по потреба, а започна со средби во септември 2019 година. Нејзината цел е подготовка на потребни документи за програмирање на ИПА 3, на иницијатива на земјите учеснички или на Европската комисија.

Вториот состанок беше организиран во соработка на двете одговорни министерства, претседаван од Управувачкиот орган - Министерството за регионален развој на Република Бугарија и ко-претседаван од Националниот орган - Министерството за локална самоуправа.

Во работата на Заедничката работна група, учествуваат членови кои се претставници на министерствата, подобните регионални центри и невладини организации од двете земји, преставници на Европската комисија и други релевантни тела. Ова беше првиот состанок на ЗРГ за 2021 година со физичко присуство и онлајн.