Во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија 2014-2020, денеска е објавен првиот јавен повик за проектни предлози.
Тематските приоритети во рамки на овој јавен повик се следните:
1. Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство (водени од можноста);
2. Подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите (водено од потребите и можностите); и
3. Заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик.
Вкупниот буџет за јавниот повик е 2,890,000 евра. Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 1 ноември 2016 година.
Целокупната документација можете ја најдете на следниот линк: