Печати

Република Македонија

Министерство за локална самоуправа

Ајде да го прославиме Ден на Европската соработкасо сликање на цртежи кои ќе ја претстават соработката помеѓу луѓето  во Европа!

Со цел да се одбележи Денот на Европската соработка, ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија организира ликовен конкурс на следната тема „Да создадеме заедничка иднина“во Стругана 15 Oктомври 2015 година.

Кој може да аплицира: деца (на возраст од 6-15 години) од Република Македонија и Република Албанија.

Краен рок за доставување: 13ти Октомври 2015.

Како да  учествувате: Насликајте цртежи на А3 формат хартија (420мм x 297мм) на  тема „Да создадеме заедничка иднина ". Децата можат да ги користат следните материјали за работа: молив, боички, водени бои,темперни бои и сл.

Отцена:Цртежите ќе бидат отценувани врз основа на нивната оригиналност, креативност, квалитет и релевантност на погоре наведената тема.Избрани цртежи ќе бидат претставени  на јавна изложба која ќе се одржи на 15 Октомври 2015  во Струга.

Награди:Првонаградените ќе добијат Признание  и подароци.

Победниците ќе бидат прогласени на одбележувањето на Денот на Европската соработка 15 Октомври 2015 година која ќе се одржи во фоајето на Дом на Култура “Браќа Миладиновци” Струга.

Изложбата на ликовните творби ќе биде отворена за посетители на 15ти, 16ти, 17ти и 18ти Октомври 2015.

Со цел да се заштити работата на децата, ве молиме потпишете го вашиот цртеж.

 На задниот дел на цртежот  треба да стојат  следните информации:

-Име и презиме на детето,

-Училиште каде што детето посетува настава,
-Име на родител или старател со адреса и
-Мобилен телефон на родителот/старателот/наставник.

Ве молиме испратете ги вашите цртежи  најдоцна до 13ти Октомври 2015 по пошта или доставете ги на рака на следните адреси:

За Република Македонија:

ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија

Заеднички технички секретаријат Струга

Боро Дуни бб , 6330 Струга

Тел: 00389 46 788 300

Република Македонија

За Република Албанија

IPA Cross-Border Cooperation Programme Macedonia – Albania

Antenna Elbasan

Ул. Lagja “Brigada 17 S”, Rruga “11 Nëntori”,

Elbasan Prefecture, 3rd floor, R. Albania        

Тел: 00355 54 244 431