Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 7, став 8, став 11 алинеја 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018, 198/2018, 143/2019, 14/2020 и 302/2020), членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 2/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 20/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014,. 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.110/2019, 267/2020, 151/2021, 288/2021 и 111/2023; “) Министерството за локална самоуправа објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 1 (еден) посебен советник во Кабинетот на Министерот за локална самоуправа на определено време

Министерството за локална самоуоправа објавува оглас за вработување на едно лице на определено време за следната позиција:

1. Посебен советник за прашања од областа на локалниот развој – 1 (еден) извршител

Потребни квалификации:
- ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, Хуманистички науки и уметности (Јазици и литература)
- со или без работно искуство
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, германски, француски)
- активно познавање на компјутерски порграми за канцелариско работење

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови:
- да се државјани на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да се полнолетни
- да имаат општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:
- Кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса
- Уверение/диплома за завршен степен на високо образование
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, германски, француски)
- Доказ за познавање на компјутерски вештини
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност
- Доказ за државјанство
- Доказ за општа здравствена способност за работното место (лекарско уверение) не постаро од шест месеци

Дневно работно време е со почеток помеѓу 07.30 и 08.30 часот а завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот. Неделно работно време 40 часа од понеделник до петок.

Паричен нето износ на основната нето плата изнесува од 45.000,00 денари.
Како посебни услови за работа на кабинетите се предвидува и работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определно време. Вработувањето на посебните советници трае најдолго до истекот на мандатот на Министерот за локална самоуправа.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавите со потребната документација треба да се достават во затворен плик во Писарницата на Министерството за локална самоуправа или по пошта на следната адреса: Министерство за локална самоуправа, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, со назнака: „Оглас за посебен советник“.

По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерството за локална самоуправа. Министерството за локална самоуправа ќе изврши избор во рокот пропишан согласно член 23, став 2 од Законот за работните односи.

Лице за контакт: Соња Јованоска, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.