Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), а во врска со Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата oд 20.01.2020 година, арх.бр. 01-514/17, Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година,арх.број 01-797/6, и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, арх.број 01-1662/5, Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој на ден 14.09.2023 година, го усвои текстот на јавниот повик за предизвикот:

 

„Паметен школски менаџмент: Интегриран пристап кон одржливоста“

 

Последната година е исполнета со низа настани кои долго ќе остават белег на економските и вкупните општествени односи во нашата земја. Kризата предизвикана од Ковид 19, но и изложеноста на екосистемот на новите економски и геополитички предизвици како што се: високата инфлација и eнергетската несигурност, дополнително го забрзаа притисокот врз сите. Поаѓајќи од потребата за воведување на нов систем на паметен современ менаџмент кој ќе опфаќа планирање, организирање, координирање и контролирање е новиот излез од климатските промени. Поради тоа техно-економска парадигма претставува збир на современа техника на организациони иновации кон паметното менаџирање на интегриран и одржлив пристап на ресурси. Не може да се замисли современ паметен систем и услуги без препознавање на нови решенија во економската структура на општеството.

Климатските решенија кои се темелат на иновации, истражувања и развој, треба да имаат одлучувачка улога во постигнувањето на зелена транзиција на земјата и нејзино усогласување со остатокот од светот.

Имајќи предвид дека дигитализацијата е процес кој зема замав со подемот на иновативните интегрирани технологии со одржлив пристап на услугите, истото се реализира преку воведување на нов паметен систем за контрола на енергетската потрошна. Со овој систем ќе биде овозможено автоматско мониторирање и контрола на сите светла, автоматизирање на целиот процес преку намалување на потрошувачката на електрична енергија и намалување на трошоците во средните училишта и ученичките домови од Северо Источниот плански регион во општините: Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково.

Паметни решенија подразбираат примена на технологии и практики кои водат кон намалување на емисиите на стаклените гасови, кои се причинители за климатските промени, или водат кон прилагодување кон ефектите од климатските промени. Тие водат кон остварување на климатските цели кои се во согласност со националните климатски политики на РСМ.

Со имплементирање на паметен систем од понудените решенија во рамки на јавниот повик „Паметен школски менаџмент: Интегриран пристап кон одржливоста“ се очекува копмлетен преглед на светлата и потрошувачката на енргија преку: автоматизација на целиот процес, намалување на потрошувачката енергија, подобрување на ефикасноста во работењето и создавање на услови преку намалување на CO2 и развој во паметен школски менаџмент. Решенијата треба да ги осовременат услугите на школите и да бидат применливи и во нормални услови на функционирање, со разработен план за натамошно одржување и подобрување.

Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (Фондот) објавува повик за финансирање на проекти за имплементирање на смарт системи за контролирање на училишното осветлување се со цел намалување на трошоците и подобро контролирање на потрошувачката енергија на средните школи и ученичките домови во четри општини од Северо Источен плански регион: Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково.

Овој предизвик Фондот за иновации и технолошки развој (Фондот) го реализира во партнерство со Министерство за локална самоуправа (МЛС) и соработка со Швајцарската Амбасада во РСМ за поддршка на проектот ”Одржлив и инклузивен рамномерен развој – Фаза 2”.

Сите дополнителни информации можете да ги проследите ТУКА.