Печати

Локална акциска група за рурален развој АБЕР 2015, с. Старо Нагоричане има потреба од економски оператори кои ќе работат со опрема за авантуристички туризам на локацијата Бислимска Клисура во с. Пчиња. Станува збор за комплетна опрема за качување по карпи ( 60 стази/насоки и 1 Виа Ферата), 16 планински велосипеди, 6 електрични велосипеди, 1 рафтинг чамец, 15 кајаци и 2 АТВ мотори. Ги покануваме сите заинтересирани странки да ја посетат локацијата на ден 31.08.2020 (понеделник) во 09:00h., откако претходно ќе се пријават на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Посетата е предуслов за доставување на предлог бизнис план  за менаџирање на опремата од  кој треба да се достави  на погоре наведената е – мејл адреса најдоцна до 09.09.2020 до 09:00h. Селекција на заинтересираните оператори ќе се изврши најдоцна до 16.09.2020.

Со Проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој, кофинансиран од Министерството за локална самоуправа и СДЦ, преку спроведување на Грантовата шема за инвестициски проекти во 2019 година финансиски се поддржа проектот “Уредување и валоризација на спортско рекреативен Еко-центар Бислим “. 

 

Имплементатор на овој проект е Североисточен плански регион во партнерство со ЛАГ “АБЕР 2015“. 

Преку проектот се опреми и се направи адаптација на околината на клисурата, и се изврши набавка на комплетна опрема за качување по карпи (60 стази/насоки и 1 Виа Ферата), 16 планински велосипеди, 6 електрични велосипеди, 1 рафтинг чамец, 15 кајаци и 2 АТВ мотори. 

На 19.08.2020 година од стрна на ЛАГ “АБЕР 2015“ објавен е Јавен повик за искажување интерес за менаџирање со опрема за авантуристички туризам во Бислимска Клисура, кој е достапен на следниот линк:  https://lagsnetworkmk.com/2020/08/19/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba/