ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Министерствотото за локална самоуправа, во рамки на активностите за спроведување на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија 2014-2020 објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За пријавување на кандидати за слободното работно место:

 - 1 (eден) службеник за имплементацијана системот за контрола и менаџмент, мониторинг и тренинг во рамки на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија.

Oпис на работните позици можете да најдете ТУКА.

Краен рок за аплицирање: 10 работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум и време на овој оглас, ќе бидат земени во предвид за разгледување.

Потребни документи за аплицирање:

 - Мотивациско писмо на англиски јазик;

 - Биографија (CV), на англиски јазик во ЕУ формат;

 - Доказ за завршен соодветен вид на високо образование

 - Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство наведено во личната биографија; 

 

Документите треба да се поднесат по пошта на следнава адреса:

Министерство за локална самоуправа

ул. Свети Кирил и Методиј, бр.54,

1000 Скопје, Република Македонија

За: Арсим Фидани; со назнака во надворешниот дел од ковертот за кое место се однесува апликацијата.

Дополнителни информации можете да добиете на телефонскиот број: +389 2 3253-921