I фаза на спроведување

Министерството за Локална самоуправа,врз основа на Договорот помеѓу Владата на швајцарската конфедерација,претставувана од Федералниот Департмент за надворешни работи.дејствувајки преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој и Владата на Република Македонија претставувана од Министерството за локална самоуправа,спроведуваат проект за Одржлив и инклузивен рамномерен развој во Македонија-прва фаза.

Проектот има потреба од ангажирање на експерти (координатори) кои се заинтересирани да бидат дел од Проектна единица за спроведување на проектот (ПЕСП) која се очекува да започне со работа во април 2018 година и ќе трае до декември 2020 година. Министерството за локална самоуправа го објавува овој повик за искажување интерес за експерти за клучни позиции во ПЕСП кои ќе бидат ангажирани штом се заврши процедурата за селекција на членовите на ПЕСП и се создадат соодветни технички услови за работа.

Кандидатите се очекува да бидат со соодветни познавања и да ги задоволуваат критериумите посочени подолу соодветно за секоја позиција. ПЕСП ќе ја сочинуваат локални долгорочни експерти кои ќе бидат одговорни пред Министерот за локална самоуправа.

За привремен ангажман на следните позиции: 
1. Еден (1)- Експерт-Координатор 1 одговорен за спроведување на Компонета 2 и делумно Компонента 1 (70% ангажман)
2. Еден (1)- Експерт-Координатор 2 - одговорен за споведување на Компонента 3 и делумно Компонента 1(70% работен ангажман)

Ангажманот на горенаведените позиции е со цел операционализација на Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој што подразбира имплементација на активности за кои е задолжено Министерството за локална самоуправа, а кои се дефинирани преку:

Компонента 1: Владата алоцира и спроведува фондови за рамномерен регионален развој на транспарентен и предвидлив начин, согласно степенот на развиеност на планските региони."

Компонента 2: Потребите и барањата на граѓаните, вклучително и на ранливите категории граѓани, се систематски вклучени од Регионалните совети во процесот на планирање на регионалниот развој."

Компонента 3: Центрите за развој во сите осум плански региони, посебно во помалку развиените, ја подобруваат својата ефективност и ефикасност."

 
1. Опис на работни задачи и одговорности:

Активности: Координатор 1 одговорен за спроведување на Компонета 2 и делумно Компонента 1 (70% ангажман)

  • Соработка и координација со одговорните лица од МЛС и БРР
  • Редовни состаноци и соработка со Координаторот на Програмата
  • Спроведување на активностите од Компонента 2 и делумно од Компонента 1
  • Подготовка на месечни извештаи за прогресот во процесот на имплементирање на Програмата
  • Подготовка на договори за ангажирање на надворешни експерти за програмата
  • Следење на имплементацијата на договорите склучени со надворешните експерти
  • Поддршка, соработка и советодавни услуги за МЛС и БРР
  • Организирање и спроведување на редовни координативни состаноци со Центрите за развој на планските региони
  • Советодавни услуги за Центрите за развој на планските региони и Советите за развој на планските региони
  • Поддршка на МЛС за подготовка на финална евалуација на Стратегијата за регионален развој 2009-2019
  • Измени и дополнувања на други закони и подзаконски акти подготвени од ресорните министерства релевантни за регионалниот развој
  • Поддршка на МЛС во процесот за подготовка на интегриран Акциски план за имплементација на Стратегијата за регионален развој 2019-2020 и Стратегија за регионален развој 2020-2030
  • Организирање на саем во Скопје за промоција на сите 8 региони
  • Организирање на годишни настани за промоција и доделување на награди за најдобри практики
  • Поддршка за подготовка на промотивни материјали за регионален развој за МЛС
  • Спроведување на активности за подготовка на Протокол за инклузија на граѓанските организации, приватниот и академскиот сектор на седниците на Советите за регионален развој
  • Обезбедување на експертска поддршка на Центрите за мобилизирање на финансиски средства (национален буџет, ЕУ фондови) и за политичко лобирање
  • Спроведување на активности за јакнење на капацитетите на Центрите и Советите за транспарентно носење на одлуки
  • Советодавни услуги на Центрите за развој при подготовка на Програмите за развој на планските региони (2020-2024) преку регионални форуми
  • Поддршка на Советите / Центрите да користат форуми на заедницата во процесот на идентификување на проектни идеи за грант шемата и други повици
  • Поддршка на Центрите за користење на родово буџетирање и приоретизирање на активности на партиципативен начин
  • Спроведување на активности за јакнење на капацитетите за социјална инклузија за регионален развој (на сите нивоа)
  • Развивање на алатки за Центрите за развој на планските региони за добивање на feedback од граѓаните за нивните барања
  • Поддршка на МЛС при финансиското работење во рамки на проектот
  • Сите останати активности од Компонента 2 во согласност со работниот план за спроведување на проектните активности

 

Активности: Координатор 2 - одговорен за спроведување на Компонента 3 и делумно Компонента 1(70% работен ангажман)

  • Соработка и координација со одговорните лица од МЛС и БРР
  • Спроведување на сите активности од компонента 1 и компонента 3
  • Редовни состаноци и соработка со Координаторот на Програмата
  • Соработка и координација со Кабинетот на Вице Премиерот задолжен за економски прашања
  • Соработка со останатите линиски министерства
  • Подготовка на месечни извештаи за прогресот во процесот на имплементирање на Програмата
  • Подготовка на договори за ангажирање на надворешни експерти за програмата
  • Следење на имплементацијата на договорите склучени со надворешните експерти
  • Поддршка, соработка и советодавни услуги за МЛС и БРР
  • Организирање и спроведување на редовни координативни состаноци со Центрите за развој на планските региони (минимум еднаш месечно)
  • Советодавни услуги за Центрите за развој на планските региони и Советите за развој на планските региони
  • Поддршка на МЛС при измената на Законот за рамномерен регионален развој и подзаконските акти и поддршка на линиските министерства чии програми имаат влијание врз регионалниот развој при измената на закони и подзаконски акти во нивна надлежност
  • Развој на Стратегијата за регионален развој 2019-2029 на партиципативен начин
  • Организирање на настани за политички дијалог помеѓу Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со ресорните министерства , Министерство за локална самоуправа, други ресорни министерства , Центри за развој на планските региони и Совети за развој на планските региони
  • Евалуација на регионалните проекти финансирани од МЛС и БРР и поддршка за размена на искуства (најдобри практики)
  • Обука на Центрите за развој на планските региони за нова апликација и други документи за регионални проекти
  • Менторски / тренинг сесии за МЛС и БРР врз основа на идентификуваните потреби
  • Организирање на тим билдинг на МЛС и БРР
  • Обуки за специфични теми врз основа на проценка на потребите
  • Координација (заеднички работилници) помеѓу МЛС, БРР, ЦРР и РС за успешна имплементација на Програмата за регионален развој
  • Организирање на меѓународна конференција за размена на добрите практики во областа на рамномерен регионален развој
  • Организирање на конференции за размена на добри практики во областа на рамномерен регионален развој во сите 8 региони
  • Студиско патување за размена на добри практики
  • Обезбедување на финансиска поддршка и советодавни услуги за имплементација на проекти од Регионалните стратегии за иновации
  • Обезбедување поддршка за подобрување на советодавните услуги на бизнис центрите
  • Спороведување на грант шемата предвидена со проектот
  • Поддршка на МЛС при финансиското работење во рамки на проектот
  • Сите останати активности од Компонента 3 во согласност со работниот план за спроведување на проектните активности

 

2. Професионални квалификации/ искуство


- Координатор 1- одговорен за спроведување на Компонента 2 и делумно Компонента 1 (70% работен ангажман)

  • Минимум 3 години работно искуство во областа на локалниот и регионалниот развој
  • Магистер на науки во областа на регионалната политика или општествените науки
  • Претходна соработка со општините, советите за развој на планските региони и центрите за развој на планските региони
  • Искуство во подготовка на стратешки и плански документи од областа на регионалниот развој
  • Искуство во воспоставување на соработка помеѓу владиниот сектор, локалните власти, приватниот сектор, граѓанските организации и академските институции
  • Препораки од главните чинитили на регионалната политика  ( МЛС, БРР, Центри итн)

-Координатор 2 - одговорен за споведување на Компонента 3 и делумно Компонента 1 (70% работен ангажман)

  • Минимум 3 години работно искуство во областа на локалниот и регионалниот развој
  • Магистер во областа на регионалниот развој,или општествените науки
  • Претходна соработка со општините, советите за развој на планските региони и центрите за развој на планските региони
  • Искуство во воспоставување на соработка помеѓу владиниот сектор, локалните власти, приватниот сектор, граѓанските организации и академските институции
  • Искуство во мониторинг на проекти за рамномерен регионален развој
  • Искуство во подготовка на стратешки и плански документи од областа на регионалниот развој
  • Препораки од главните чинитили на регионалната политика ( МЛС, БРР, Центри итн)


3. Потребни документи за аплицирање:

  • Писмени докази за сите критериуми назначени во квалификациите за соодветна област.,односно: Професионална биографија (CV) и Писмо за интерес,
  • Диплома за образование,Магистерски студии
  • Потврда за минимум 3 години работно искуство во областа на локалниот и регионалниот развој
  • Најмалку 3 потврди за соработка со општините, советите за развој на планските региони и центрите за развој на планските региони
  • Најмалку 1 потврдa за искуство во подготовка на стратешки и плански документи од областа на регионалниот развој

 

Кандидатите имаат право по документите од тоќка 3, алинеа 3,4 и 5 да достават,и повеке потврди од потребниот минимум,кои ке бидат земени во предвид при оценувањето односно вреднувањето при приемот на кандидатите.

Освен релевантното искуство наведено во критериумите , селектираните кандидати треба да ги поседуваат и следните компетенции: универзитетска диплома во соодветната област, целосно познавање на работата со компјутери, одлични способности за изразување (писмено и усно) првенствено на македонски, но исто така и на англиски јазик, солидни вештини за истражување и анализа, солидни вештини за преговарање, држење презентација и тренинг, соодветни вештини за менаџирање со луѓе, информации, време и ресурси, способност за работа со кратки рокови и висока комплексност, и над се посветеност и ентузијазам за промени во општеството кои ќе придонесат за подобар развој на сите делови во Македонија.

Со секој од кандидатите кои ке имаат комплетна документација ке се изврши Интервју за оценка на комуникациските и презентациските вештини,подготвеност и сл.,која ке биде соодветно оценувана.Некомплетните документации нема да бидат земени во предвид.


4. Доставување на извештаи

На секои 6 месеци финансискиот извештај со докази за сите трошоци поврзани со активностите финансирани во рамките на Проектот, ќе биде испратен од страна на Координаторите на компонентите до Амбасадата на Швајцарија/СДЦ и МЛС.

 

5. Аплицирање

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Адреса на достава на апликации: Архива на Министерството за локална самоуправа ул. Св.Кирил и Методиј бр.54,1000 Скопје, со назнака: "НЕ ОТВАРАЈ" и "За Јавен оглас ,, Проект Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –

Број (1 или 2 на Работна позиција).

Последен рок за доставување апликации е 17-ти април 2018 година.