Со финансиска поддршка од Програмата за РРР, подобрена пристапноста до Лешочкиот манасти
Со подобрување на пристапноста и уредувањето на просторот финансирано од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, Лешочкиот манастир станува уште поатрактивен за посетителите. Денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски со вицепремиерот Љупчо Николовски, градоначалникот на Теарце Исен Асани и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи беа во увид на на градежните работи на стариот конак.
- Манастирот отсекогаш бил многу посетуван како духовен храм, но и како атрактивно излетничко место не само за жителите од овој крај, туку и од Скопје и од другите делови од земјава. Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој финансиски ја подржаа реализацијата на проектот со вредност од 3.500.000 денари, но сите работи се завршени со значителна заштеда и со реализирани 2.308.000 денари, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

За проектот аплицираше општина Теарце, а средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој, конкретно за поддршка на развојот на подрачјата со специфични развојни потреби.
- Го поддржуваме локалниот и регионалниот развој. Оваа инфраструктура е додадена вредност на природните потенцијали и на културното наследство на Лешок, на Теарце и на Полошкиот плански регион, дополни Милевски.
Лешочкиот манастир е значаен споменик на православното духовно и културно наследство. Во овој православен манастирски комплекс се наоѓа и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.