Ја охрабрувам општината да продолжи со оваа динамика, затоа што Министерството за локална самоуправа и Владата во континуитет обезбедуваат финансиска подршка за развој на општините и на планските региони. Општина Боговиње покажува голема иницијативност и подготвеност и годинава има аплицирано проекти на сите повици.

Секогаш треба да се има предвид дека финанска поддршка може да се обезбеди само доколку се има добро изработен проект, со комплетна проектна документација и со проект кој што ќе биде корисен за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на денешната посета на општина Боговиње.

-Подобрувањето на патната инфраструктура ја олеснува комуникацијата и отвора поголеми можности за развој на општината, но и на целиот регион. Проектот за изградба на локален пат од Палчиште го финансира Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите, со цел да им помогнеме и на помалите општини да реализираат инфраструктурни проекти кои што се важни за општината и за граѓаните. Вредноста на проектот е 14,4 милиони денари и во целост средствата ги обезбедува Министерството за локална самоуправа - рече министерот Пенов.

Тој додаде дека финансиската поддршка на проекти од страна на Министерството за локална самоуправа и од Бирото за регионален развој зависи и од подготвеноста на општината. Важно е општините да имаат готови и добри проекти со кои што ќе аплицираат.