13.12.2022

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаше средба со новоименуваниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, амбасадорот Килиан Вахл.
На состанокот се разговараше за досегашната соработка и поддршката на ОБСЕ во спроведувањето на политиките на Министерството. Беше истакната континуираната поддршка на процесот на децентрализација и на општините.
Министерството за локална самоуправа и ОБСЕ имаат потпишано Меморандум за соработка во рамките на кој се реализираат заедничките проекти.
На состанокот се разговараше за приоритетните активности за наредната година, за што веќе е договорено ОБСЕ да подготви компаративна анализа за надзорот над општините, како и реализација на проект во една или две пилот
општини за поттикнување на граѓанското учество на локално ниво преку имплементирање на конкретен модел.