Со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија е реализиран проект во вредност од 805 илјади евра со што е збогатена туристичката понуда во Битола и во пограничниот регион. Национачлното кофинансирање за реализација на проектот во кој партнери од нашата земја се општина Битола, Завод и музеј Битола и МКЦ го обезбеди Министерството за локална самоуправа.

                 -Археолошкиот локалитет Хераклеа, Римскиот пат, се повеќе од вредни и затоа е вредно она што партнерите во овој проект го направија за афирмација на културното наследство, но и за привлекување на туристи и за развој на регионот, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната промоција на проектот СМАРТ-КУЛ-ТУР, во Битола.

         Прекуграничната соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, која што ја води Министерството за локална самоуправа се одвива успешно, за што говорат и податоците. Само преку последните два јавни повици се обезбедени над 10 милиони евра средства од ЕУ, за финансирање на 11 проекти во овој прекуграничен регион, рече Милевски.     

                 Во рамките на проектот СМАРТ-КУЛ-ТУР е реконструиран пристапниот, Римски пат до археолошкиот локалитет Хераклеа, а е изработена електронска платформа за виртуелна прошетка, како и нов галериски простор кој ќе се користи за одржување на работилници и други настани од областа на културата.

Министерство за локална самоуправа