Почитувани,

Во прилог соопштение и фотографии од состанокот на Министерот за локална самоуправа Горан Милевски со косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка                                         

 

СООПШТЕНИЕ

23.02.2022

 

Состанок Милевски-ДамкаСоработката меѓу институциите во спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово резултира со 20 заеднички проекти во вредност од 7.4 милиони евра, а ќе има и нов јавен повик за проекти од 3 милиони евра

 

       Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска беше домакин на косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка.

         На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете министерства за зајакнување на институционалните капацитети за регионален развој.

   - Имаме позитивни искуства во соработката меѓу институциите во спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово. Со финансиска поддршка од Европската Унија досега се имплементирани 20 заеднички проекти во вкупна вредност од 7.4 милиони евра, рече Миливски кој за средината на март најави нов јавен повик за проекти во вредност од 3 милиони евра.

     - Разговараме за имплементацијата на проектите финансирани од Европската Унија и ќе ги размениме добрите практики од двете министерства во областа на регионалниот развој,  рече министерот за регионален развој на Косово Фикрим Дамка, кој што во оваа прилика го покани министерот Милевски на конференцијата за регионален развој што ќе се одржи идниот месец .

       Министерството за локална самоуправа и Министерството за регионален развој на Република Косово минатата година потпишаа Меморандум за соработка во областа на регионалниот развој. Меморандумот предвидува размена на искуства и добри пракси во креирањето и во спроведувањето на политиката за регионален развој со цел зајакнување на административните капацитети и прилагодување кон стандардите на Европската Унија.                                             

                                                                                                               Министерство за локална самоуправа