Консултација на Нацрт Извештајот за стратегиска оценка на влијанието врз животната средина на Предлогот на Стратегија за регионален развој

 

                Министерството за локална самоуправа, согласно Законот за животна средина член 65, спроведува стратегиска оценка на влијанието врз животната средина на Предлогот на Стратегија за регионален развој 2021-2031, што е во собраниска процедура.

            Коако резултат на оваа активност е подготвен Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Стратегија за регионален развој на Република Северна Македонија за период 2021 – 2031.

            Во тек е консултација по документот кој што е објавен на ВЕБ страницата на Министерството на следниот линк: https://mls.gov.mk/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B8#

(Документи во подготовка-Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Стратегија за регионален развој на Република Северна Македонија за период 2021 – 2031)

              

Министерството за локална самоуправа ја повикува заинтересираната јавност да ги даде своите предлози и сугестии по Нацрт Извештајот најдоцна до 20.04.2021 година во писмена форма на адреса на Министерството за локална самоуправа: Бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 Скопје, или по електронски пат на следниве адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

По Нацрт Извештајот Министерството за локална самоуправа ќе организира и јавна расправа на која што ќе бидат поканети претставници од надлежни институции.

На настанот кој што ќе биде виртуелен, се покануваат сите заинтересирани кои што сакаат да го дадат својот придонес и со директно учество. Линкот ќе биде објавен на ВЕБ страницата и на ФБ профилот на Министерството за локална самоуправа.

Ви благодариме на соработката,

                                                                                                                                            

                                                                        Министерство за локална самоуправа