Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска е во работна посета во Република Албанија. На средбата со Зеф Мази, главниот преговарач/национален ИПА координатор и заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја, ќе се разговара за приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во рамките на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година.
 
Исто така ќе се разговара за искуствата од досегашната имплементација на ИПА II и за потенцијалните стратешки проекти кои би се финансирале со средства од предпристапните фондови на Европската Унија, наменети за прекугранична соработка, во следниот програмски период до 2027 година.