Печати

Со средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе се реализираат 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, соопшти министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на денешната седница на Советот за рамномерен регионален развој на која што беше утврдена предлог-одлуката за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.

Во функција на рамномерниот развој на државата ќе бидат финансирани 35 проекти за развој на селата, во вкупна вредност од 41 250 000 денари, во сите 8 плански региони. Во најмалку развиениот, североисточниот плански регион, ќе бидат финансирани 4 проекти, во југоисточниот 6, во источниот 5, во пелагонискиот 3, во полошкиот 3, во југозападниот 4, во вардарскиот 7 и во североисточниот плански регион 3 проекти.

За реализација на 39 проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби се обезбедени 82,5 милиони денари.

Во буџетската програма за рамномерен регионален развој за 2019 година се издвоени дупло повеќе средства за проекти во однос на 2017 година, со тенденција зголемувањето на средства за оваа намена да продолжи и во наредната година.

Со средства од буџетската програма за рамномерен регионален развој веќе се реализираат 43 проекти за развој на осумте плански региони, во вкупна вредност од 290 милиони денари, или 4,7 милиони евра. Од нив 5  проекти се за подготовка на техничка документација, додека пак 38 се инфраструктурни проекти.