Децентрализацијата во Република Македонија: Реафирмирање на процесот на децентрализација и свртување кон реалните потреби на граѓаните преку финансирање на нови 98 проекти  за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.

 

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, учествуваше на форумот ’’Децентрализацијата во Република Македонија’’, што во организација на граѓанскиот сектор се одржа во Велес.

На Форумот Павлески истакна дека локалната самоуправа е еден од најзначајните сегменти во општеството кој што има директно влијание на квалитетот на живеење на граѓаните преку испораката на услугите, локалниот економски и социјален развој и создавање на амбиент за подобрување на стандардот на живеење и демократскиот локален развој, кој што директно  се рефлектира на демократските процеси во државата.

- Реафирмирање на процесот на децентрализација и свртување кон реалните потреби на граѓаните. Преку Министерството за локална самоуправа се реализираат 4,5 милиони евра за финансирање на 98 проекти за развој на планските региони, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби. Тенденција е овие средства да се зголемуваат секоја година. Проектите кои што се финансираат од Програмата за рамномерен регионален развој се распределуваат според степен на развиеност и се приоретизирани од страна на општините и на планските региони, во консултација со граѓаните. Тоа е додадената вредност на оваа програма, рече заменикот министер Павлески.

На Форумот учествуваа и градоначалници и претставници на граѓански организации кои што ги отворија прашањата како до поефикасна, поинклузивна и потранспарентна локална самоуправа и рамномерен регионален развој.