Печати

Денеска Министерството за локална самоуправа го започна консултативниот процес на Нацрт измените на Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација, со сите надлежни министерства и институции кои што партиципираат во овој програмски документ преку имплементација на своите политики на локално ниво.

- Станува збор за многу важен документ на Владата на Република и исклучително важен за Министерството за локална самоуправа, но и за другите министерства, затоа што е единствен кој што се обидува да ги програмира локалниот развој и децентрализацијата на интегрален начин, рече државниот секретар Кирил Парталов. Парталов истакна дека потребата од измени на Програмата произлезе од фактот дека некои од стратешките документи врз основа на кои што е креирана Програмата се со помината временска рамка и имаше потреба да се направи ажурирање на овој план, а втората причина е новата Владина Програма и потребата Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација да се усогласи приоритетите од Владината програма кои што се однесуваат на развојот на општините и на процесот на децентрализација.

Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација ја донесува Владата, на предлог на Министерството за локална самоуправа. Актуелната Програма се однесува на периодот до 2020 година. Паралелно со попдготовката на Програмата, Министерството за локална самоуправа ќе пристапи кон подготовка на Акциски план за спроведување на Програматаза одржлив локален развој и децентрализација  за периодот 2018-2020 година.