17.01.2018 1Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска говореше на регионалната конференција "Територијалната соработка, нова перспектива за интеграција" што се одржа во Тирана, во организација на Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија. 

Во своето обраќање министерот Фазлиу истакна дека зад нас е значаен процес, во текот на кој ги идентификувавме приоритетите во подготовка на заедничките оперативни програми, објавувањето на повиците, оценувањето на предлог проектите и надзор на проектите во фаза на нивната реализација, како и завршувањето на еден едно поглавје и почеток на друго со исто толкава важност и посветеност. Тој истакна дека територијалната соработка преставува позитивна иницијатива која носи нови вредности.

-Настојуваме да воспоставиме добрососедски односи, соработка и толеранција кај населението во пограничните области, со што се создаваат нови идеи и размена на искуства. Овие цели се особено важни за нашиот балкански регион, истакна Фазлиу.

На крајот, министерот Фазлиу изрази надеж дека преку размена на информации и добри практики помеѓу оперативните структури ќе ги скратиме нашите напори во изнаоѓањето на поефективна пракса за реализација на заедничките програми и цели.

На Конференцијата пред присутните зборуваа министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-дин. Дитмир Бушати и амбасадорката на Европската унија во Албанија г-ѓа. Влахутин кои ја нагласија важноста на територијалната соработка и другите можности за соработка во Западен Балкан со поддршка на Европската унија (ИПА предпристапен инструмент).