Градоначалникот на општина Струмица, г. Коста Јанчевски е избран за претседател на Советот на Југоисточниот плански регион на првата конститутивна седница што се одржа во Струмица.

Советот за развој на Југоисточниот плански регион на првата (конститутивна) седница го утврди новиот состав, односно се верифицираа мандатите на 1-те членови на Советот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот четиригодишен мандат.

На конститутивната седница присуствуваше  државниот секретар во Министерството за локална самоуправа г. Кирил Парталов кој ги информира градоначалниците за активностите кои ги превзема Министерството за локална самоуправа во насока на зголемување на средствата за општините и регионот во следниот период преку проекти финансирани одМинистерството за локална самоуправа и од Бирото за регионален развој, но и директно до општините преку зголемување на дотациите кои ги добиваат.

Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион г-а Ѓуркова ги информираше градоначалниците за постапката за аплицирање за регионални проекти, како и за активностите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот период.