Печати

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска, во Министерството за локална самоуправа оствари    средба со со амбасадорот на Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

Амбасадорот Река упати честитка за изборот на Фазлиу на функцијата министер за локална самоуправа и му посака успех и успешна работа.

На средбата се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на локалната самоуправа.

Министерот Фазлиу ја истакна потребата од соработка на двете земји заради остварување на заедничката цел за членство во Европската Унија.

На тој план, беше речено, и двете земји ќе продолжат со прекуграничната соработка и зајакнување на капацитетите за максимално искористување на средствата од ИПА Програмата на Европската Унија со подготовка и имплементација на корисни и успешни проекти.

И двајцата соговорници ја истакнаа потребата од развивање на соработката на двете соседни земји заради остварување на порамномерен развој во регионот, подобрување на животот на граѓаните и развивање на демократските вредности, преку остварување на приоритетите за членство во Европската Унија.