Министерот Фазлиу на Конференција во Косово
Посети : 1095

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, во Приштина, ќе учествува на Конференција на тема "10 години по децентрализацијата и воспоставување на локалната самоуправа - предизвиците на една деценија, патувањето во втората деценија."

На Конференцијата, министерот Фазлиу ќе зборува за искуствата на Република Македонија во процесот на децентрализација, регионалниот развој и ИПА фондовите, како и институционалната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.

Конференцијата се организира по повод 10-годишнината од донесувањето на законите за локалната самоуправа и одбележувањето на десетгодишнината од формирањето на Косовскиот институт за локална самоуправа.

На свечениот дел на конференцијата ќе зборува премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, министерот за локална самоуправа на Република Македонија Сухејл Фазлиу, министри и претставници на ресорните министерства, градоначалници од Косово и од регионот, дипломатски претставници, лидери и високи регионални претставници, претставници на организации и донатори, како и на граѓанското општество.

Локација Приштина