17.11.2022

Министерот за локална самоупртава Ристо Пенов денеска зборуваше во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 за напорите на Владата да бидат реализирани значајни инфраструктурни проекти во град Скопје.
- Владата ќе му помогне на Град Скопје да се доградат тунелите со кои се спојува булеварот „Македонија“ (Јужен булевар) со бул. „Кочо Рацин“ и поминуваат под објектот на Лимак, рече министерот Пенов, според кој најголем проблем ќе претставува западната страна каде што ќе има застој кај „Нова Македонија.
- Ќе бараме пари, ќе се решава фаза по фаза, среќна околност е што поголемиот дел кон Кисела Вода е завршен, но технички најтешко е како ќе ја преминеме улицата Св. Климент Охридски. Тука не е само технички проблемот, не се само парите, туку треба да се реши сообраќајот на Водњанска и Владата ќе бара решение, рече Пенов.

Во однос на општините, министерот за локална самоуправа оценува дека најголем проблем е капацитетноста на општините, како резултат на што 20 милиони евра стојат неискористени, а се наменети токму за вакви проекти.