ЈАВЕН ПОВИК

за изразување интерес на општините за учество во проектот

 

Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, кој е финансиран од Швајцарската амбасада и од Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и кофинансира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), се објавува првиот Јавен повик за изразување интерес на општините за учество во проектот.

 

Други партнери во спроведувањето на проектот се Министерството за финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Здружението на финансиски работници (ЗФР), UN Women, NALAS, организации од граѓанскиот сектор, како и единиците на локална самоуправа во Северна Македонија.

 

Главната цел на проектот е унапредување на поддршката за развојот на локалните самоуправи, првенствено преку зајакнување на општински совети кои ќе бидат во можност ефективно да ги исполнат нивните доделени улоги на претставување, надзор и донесување општински одлуки со активно вклучување на граѓаните.

 

За времетраењето на проектот од 2022 до 2027 година, вкупно 40 општини ќе бидат директно вклучени во спроведување на проектот. Партнерските општини ќе бидат избрани преку јавни повици и врз основа на претходно утврдени критериуми за избор (урбани и рурални општини, различен број на жители, општини од различни плански региони, општини раководени од позиција и опозиција, итн).

 

Овој Повик за изразување на интерес за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, е наменет за општините кои што не биле директно вклучени во првата фаза на проектот во периодот 2016-2021.

 

На овој повик, врз основа на предвидените услови и исполнување на критериумите за избор ќе се изберат вкупно 10 општини кои ќе бидат директно вклучени во спроведување на проектните активности во текот на 2022 и 2023 година. Со избраните општини УНДП ќе потпише Меморандум за соработка, согласно кој се утврдуваат активностите и обврските на вклучените страни.

 

Апликациите се поднесуваат електронски, по емаил на следната емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Потребните документи за аплицирање на Јавниот повик може да се симнат на објавата на веб страницата на УНДП.

Со цел пријавите да бидат евалуирани за прифаќање, истите мора пристигнат на горенаведената е-маил адреса најдоцна до 21 јули 2022 година до 16:00 часот.