Почитувани,
Дигитализацијата на општинско ниво станува приоритет за граѓаните и локалните власти, а поддршката што Европската Унија континуирано ја дава преку поддршка на проекти со конкретни резултати е од огромна важност за граѓаните – ова беше заклучокот од Панел дискусијата за општинска дигитализација во рамки на Конференцијата „ЕУ за општините“.
На панел дискусијата учествуваа: Штефен Худолин, Шеф на соработка од Делегација на ЕУ, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, како и Алин-Адријан Ника, претседател на советот на округот Тимиш во Романија, како претставник на Европскиот Комитет на регионите. Панел дискусијата беше модерирана од страна на вишиот експерт за комуникации и видливост во рамки на Програмата „ЕУ за општините“, Бојан Кордалов.
Со почит,
ТА „ЕУ за општините“