Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалниците на општините Шуто Оризари,  Прилеп, Куманово, Чаир, Гостивар, Штип, Ѓорче Петров, Дебар,Велес, Делчево, Карпош, Берово, Пехчево, Неготино и Ранковци потпишаа договори за финансиска поддршка за реализација на конкретни активности во општините предвидени во Локалните акциски планови за имплементација на Стратегијата за Ромите.

Вкупно се распределени 3 милиони денари од кои, согласно критериумите, најмногу средства се наменети за  општина Шуто Оризари 648 567,00 денари, а најмалку за општина Ранковци 103 887,00 денари.

Јавен повик за финансирање на активности од Локалните акциски планови беше упатен до сите 38 општини кои што имаат подготвено Локални акциски планови. На повикот документација доставиле 26 општини, од кои што согласно утврдени критериуми на предлог на Комисијата составена од претставници од Министерството за локална самоуправа, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата задолжен за инклузија на Ромите и од ЗЕЛС, Владата донесе Одлука за финансирање на активности во 15 општини.

Согласно критериумите секоја општина добива по 101 545,00 денари фиксен дел, како и дополнителни средства во зависност од бројот на припадници на ромската етничка заедница во општината.

Официјалниот документ ТУКА