Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање



Владата е посветена во продолжување на процесот на децентрализација, а првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација се одржа во просториите на министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците.

- Потребно е да се изготви предлог-програма за продолжување на процесот на децентрализација со акционен план и како и предлози за потребата од изготвување на соодветни измени што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.

Со работната група претседаваше првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, додека присутни беа и министерот за Финансии, Фатмир Бесими, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и шефицата на кабинетот на премиерот Заев, Мирјана Јанева.