Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески денеска во Прилеп имаше работен состанок со градоначалникот на општината, Илија Јованоски. На состанокот се разговараше за развојните планови на општината и поддршката од Министерството за локлана самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој.

Заменикот министер Павлески истакна дека Владата годинава ги зголеми средствата за рамномерен регионален развој на 289 милиони денари. Павлески го информираше градоначалникот дека 43 проекти за развој на планските региони веќе се одобрени од Владата, од кои до крајот на годината осум ќе се реализираат во Пелагонискиот плански регион, во вкупна вредност од 34,3 милиони денари.

-Посебно внимание Владата посветува на рамномерниот развој на државата со поттикнување на развојот на помалку развиените плански региони и општини. Буџетските средства за проекти за развој на планските региони, за селата и за подрачјата со специфични развојни потреби во однос на 2017 година се зголемени за сто насто, со тенденција ваквиот тренд да продолжи и во наредните години. Потребна е поголема поддршка на руралните населени места со цел да се обезбедат воедначени услуги за сите граѓани, без разлика на местото на живеење, рече заменикот министер Павлески.

Павлески истакна дека предложените проекти од општините за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби се во фаза на оценување, меѓу кои и предлог проектите од општина Преилеп. Многу брзо, рече Павлески постапката ќе биде завршена и ќе отпочне нивната имплементација, за што се издвоени 30 насто од вкупните средства за рамномерен регионален развој, или околу 2 милиони евра.

Заменикот министер Павлески се запозна и со функционирањето на двете јавни претпријатија, за пазари и за просторно и урбанистичко планирање, а оствари средби и со различни целни групи на граѓани, на кои што се разговараше за начините за решавање на прашањата кои што ги засегаат граѓаните и за кои што очекуваат подршка од централната власт.