Министерствотото за локална самоуправа во соработка соМинистерствотото за администрација на локалната самоуправа на Република Косово во рамки на активностите за имплементирање наИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово 2010-2013 година,

Министерство за локална самоуправа на Република Македонија објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За пријавување на кандидати за слободните работни позиции:

  • 1(една) позиција за Финансиски Службеник во Заедничкиот Технички Секретаријат, за ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово 2010-2013 година, со седиште во Куманово, Република Македонија. 
Заинтересираните страни, тука можат да ги најдат условите и задачите на потребните профили.
Потребни документи за аплицирање:
  • Доказ за завршен соодветен вид на високо образование
  • Биографија (CV), на македонски и англиски јазик во ЕУ формат;
  • Мотивациско писмо на англиски јазик;
  • Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство наведено во личната биографија;
Краен рок за аплицирање:
  • 8 работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум и време на овој оглас, ќе бидат земени во предвид за разгледување.

Документите може да се поднесат по пошта на следнава адреса:

Министерство за локална самоуправа

ул. Свети Кирил и Методиј, бр.54,

1000 Скопје, Република Македонија

За: Хајрије Ахмед,  со назнака во надворешниот дел од ковертот за кое место се однесува апликацијата.

Кандидатите ќе присуствуваат на интервју и писмен тест по англиски јазик, за кои дополнително ќе бидат информирани.

Дополнителни информации можете да добиете на: тел. број: + 389 2 3252 921.