На 11 ноември е објавен третиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Повикот ќе биде отворен до 15.02.2021 година.
Повикот е во вредност од 4 930 000 евра, средства од ИПА 2 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка.
Проектите треба да се фокусираат на три приоритетни области:
1. Туризам, културно и природно наследство;
2. Економија: конкуренција, бизнис, трговија и инвестиции
3. Екологија: заштита на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и менаџирање на ризици.
Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти да подготват добри проекти кои ќе придонесат кон исполнување на целите на овој повик.
Министерството за локална самоуправа кофинансира 15% од признаените трошоци на одобрените проекти.
Повикот е објавен на следниот ЛИНК
За повеќе информации проверете на овој ЛИНК