Врз основа на Програмата на Владата на Република Македонија 2014-2018 политиките на Владата на Република Македонија и во следниот период ќе бидат насочени кон рамномерен регионален развој и унапредување на сите региони во земјата. Ќе продолжи да се спроведува Стратегијата за рамномерен регионален развој на Република Македонија во осумте плански региони (Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски). Советот за рамномерен регионален развој ќе продолжи да има значајна улога како промотор на партнерство помеѓу регионите/општините и Владата, и во рамки на којшто ќе се координира искористувањето на средствата од сите секторски програми наменети за планските региони и општините. Ќе се продлабочува поддршката на единиците на локалната самоуправа кон поттикнување на локалниот развој и создавање на услови за поактивна, поефективна и поиновативна улога на локалните власти во остварувањето на националните цели за раст и развој.

Со ова ќе се обезбедат предуслови за идентификување и искористување на потенцијалот за иновации, ќе се овозможи поттикнувањето на економскиот развој да биде преку иновативни проекти со што ќе се подига конкурентноста на регионот и на државата во целина.

За обезбедување на рамномерен регионален развој и поттикнување на иновативни пристапи во реализирањето на политиката на ниво на планските региони, меѓу другото ќе се реализира и проектот за „Избор на најиновативен проект за рамномерен регионален развој“ како поддршка за апликативни проекти со иновативен пристап. Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Во таа насока Ве повикуваме да аплицирате со по два проекти од плански регион кои во досегашниот период беа финансирани од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството и на Бирото во период 2009-2015.

Изборот на проекти треба да го направите и да ги доставите до контакт лицето од Министерството за локална самоуправа Звонко Зафировски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и на адресата на Министерството со назнака за учество во изборот за најиновативен проект (бул. Св. Кирил и Методиј бр.54 Скопје) во рок од вкупно седум дена вклучувајќи го и денот на добивање на известувањето и поканата за аплицирање.

 

Документи:

Повик за аплицирање (pdf)

Формулар за апликација (doc)

Формулар за оцена (doc)