Министерството за локална самоуправа, како одговорнa институција за спроведување на ИПА Програмата за прекуграничната соработка со Албанија, е во процес на подготовка на 1-от повик за проектни предлози на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020 година. Поради тоа, министерството објавува повик за интерес за доставување на барања за оценувачи за проценка на апликации кои ќе бидат поднесени под 1-виот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020 година.

Заинтересираните страни, тука можат да ги најдат условите и задачите на потребните профили.

Краен рок за пријавување: 5 јуни, во 16:00 часот по локално време. Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум и време за овој оглас ќе бидат земени предвид за разгледување.

Документите може да се доставуваат по пошта на следната адреса:

Министерство за локална самоуправа

Улица "Свети Кирил и Методиј", бр.54,

1000 Скопје, Република Македонија

До: Арсим Фидани; со назнака во надворешниот дел од ковертот за кое место се однесува барањето.